EN SQ MK

Radozhda - Elen Kamen Road Elen Kamen, 6330, North Macedonia

+389 46 552 590

reservations@hotelizgrev.com

За нас

Со директен поглед кон Охридското езеро и планината Галичица, Хотелот Изгрев на своите гости им нуди луксузни, удобни и беспрекорни услови за одмор, состаноци и гастрономско уживање.

Овој хотел со 5* е во близина на Струга и Охрид, и на само 20-тина минути возење од меѓународниот аеродром Св. Апостол Павле во Охрид.

Модерните и луксузни соби и апартмани, кои нудат комфорт и елеганција со директен поглед на езеро или градина, го прават Хотел Изгрев и Аквапарк совршена дестинација без разлика дали патувате за бизнис или задоволство. Благодарение на најголемиот Аквапарк во регионот, овој хотел е одличен за фамилии со деца.

Како премиум дестинација за гастрономија покрај Охридското езеро, во нашиот À la Carte ресторан може да најдете богат избор на гурмански јадења од светските кујни, подготвени од вештите раце на нашите талентирани готвачи. Во нашиот главен ресторан ќе уживате во богатиот појадок за да го почнете денот полни со енергија. Гостите може да си одберат и да уживаат во нашите специјалитети од удобноста на својата соба.

Без разлика на поводот, во нашиот хотел може да најдете соодветни сали за различни состаноци и настани, опремени со најсовремената технологија и аудио - визуелни алатки.

Чистото сино небо, зелените шуми и езерото создаваат разновидни опции за активности во хотелот или за разгледи. За да го надополнете ова богато искуство во срцето на самата природа, нашиот хотел Ви нуди современо опремен фитнес центар, СПА центар, турска бања, базени, тениски терени, мини голф - Вие само треба да одберете од многуте опции.

BOOK NOW
1 ADULT
0 CHILD
1. CHILD
2. CHILD
3. CHILD
Copyright © 2024 All rights reserved
Cookie Policy
graphx.agency